Пиво фест е летен фестивал што се одржува eднаш годишно во Прилеп.Деновите на пивото најчесто се во средината на јули.Овој
настан се случува во центарот на градот,односно на плоштадот.Посетители доаѓаат
од сите краишта на Македонија и од земјите низ светот.Голем број од нив
кампуваат во шатори во текот на сите четири денови за да можат целосно да
уживаат во убавините на оваа манифестација.Фестивалот е познат по големата
посетеност и забавата која ја пружаат естрадните гости.А нормално и по вкусното
јадење и освежителниот пијалок. Естрадните уметници кои ја развеселуваат
многубројната публика се познати ѕвезди од светски размери.Фестивалот има
тринаесетгодишна традиција и е нешто по кое се познати Прилепчани.Секоја година
се надминува рекордот во продажба на изедени килограми скара и испиени литри
пиво.Не само жителите на Прилеп,туку и луѓето од бившите југословенски
простори, а и пошироко со нетрпение го очекуваат летниот фестивал на пивото.