Wednesday, 27 April 2016

ТОП 4 МЕСТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ ВО ПРИЛЕП

Саат Кула

4.Саат Кула -Оваа саат кула по која 
е препознатлив Прилеп е изградена
 пред околу 190 години,односно во 
1265 година додека Македонија била
под Османлиска власт.Ја изградил 
најпознатиот градител во тоа време,
Перо Лауц.Лоцирана е во старата чаршија.


3.Могилата на непобедените - Могилата на непобедените е голем парк со споменици во чест на жртвите на фашизмот.
Покрај спомениците,тука има и пешачки патеки,
клупи,езерца,спортски терени...Исто така има
мини зоолошка градина со карактеристични птици од светот.
Могила
















2.Манастирот Трескавец - Манастирот Св.Успение Богородично (познат како Трескавец) се наоѓа на 10 километри од Прилеп и се вели дека е најскриеното светилиште во Македонија затоа што до него се стигнува само по тесна,кривулеста патека.И покрај изгорените конаци во 2013 година,манастирот плени со својата убавина.
Трескавец
1.Марковите Кули - Големата гордост на Прилеп и некогашните тврдини се место кое секој мора да го посети.Оваа феноменална појава е богатство на различни облици стари многу години.Иако е на високо место и мора да се пешачи до таму,горе има многу убава глетка кон Прилеп и околината и интересни градби кои секој различно ги толкува.
Маркови Кули

Sunday, 24 April 2016

Прилеп

                                                                           
Прилеп е град во Македонија сместен во северниот дел на житницата Пелагонија и во јужниот дел на Република Македонија. Често се нарекува и како градот под Марковите Кули поради близината до некогашните тврдини на последниот македонски крал,Марко.Има многу легенди и преданија за настанокот на името,но ниедна од нив не е со сигурност потврдена.Според едно предание,луѓето ги граделе своите куќи близу до Марковото кале,па поради прилепените куќи овој град го добил името Прилеп,исто така се спомнува дека градот бил прилебно место (место каде што се правел леб). Постојат и многу знаменитости како што се : Могилата на Непобедените(споменик на жртвите на фашизмот сместен во парк во Прилеп),Прилепската Саат Кула.Пивофест е значаен настан овде,тој е фестивал на пивото и е посетен од домашни и странски естрадни гости.

Местоположбата на Прилеп