Sunday, 24 April 2016

Прилеп

                                                                           
Прилеп е град во Македонија сместен во северниот дел на житницата Пелагонија и во јужниот дел на Република Македонија. Често се нарекува и како градот под Марковите Кули поради близината до некогашните тврдини на последниот македонски крал,Марко.Има многу легенди и преданија за настанокот на името,но ниедна од нив не е со сигурност потврдена.Според едно предание,луѓето ги граделе своите куќи близу до Марковото кале,па поради прилепените куќи овој град го добил името Прилеп,исто така се спомнува дека градот бил прилебно место (место каде што се правел леб). Постојат и многу знаменитости како што се : Могилата на Непобедените(споменик на жртвите на фашизмот сместен во парк во Прилеп),Прилепската Саат Кула.Пивофест е значаен настан овде,тој е фестивал на пивото и е посетен од домашни и странски естрадни гости.

Местоположбата на Прилеп



1 comment:

  1. За сега супер сработено но ти фалат уште два поста.Кога ќе бидат доработени ќе добиеш целосен коментар.

    ReplyDelete